Детали за оваа ставка од каталогот
Модулот за е-учење, кој е лесен за употреба, е дел од поширокиот курс за ДДВ, кој е еден од курсевите од сеопфатно портфолио на ЕУ за еучење во врска со царина и оданочување.Опис на курсот
Курсот за Ослободување од ДДВ го опфаќа прашањето: „Кои промети се ослободени од ДДВ и кои се условите за примена на ослободувањата?“.- За промет кој потпаѓа под делокругот на данокот, ДДВ мора да се наплати во сите случаи, освен кога прометот е ослободен од данок.
- Директивата за ДДВ дава заедничка листа на ослободувања кои може да се поделат на: промет во рамки на државите-членки, промет во рамки на Заедницата и меѓународен промет.
За целосни придобивки од потенцијалот на овој курс, препорачуваме да го интегрирате курсот во вашата програма за обука и да развиете целокупна шема за учење.
Целна публика
Курсот е наменет за службеници во земјите од ЕУ, и повоопштено, за секого кој има конкретен интерес за ДДВ и сака да се стекне со основни знаења за Директивата за ДДВ.Цели на учењето
На крајот од овој курс, ќе можете да:- Разберете што претставува ослободување.
- Наведете што може да значи ослободувањето за принципот на даночна неутралност во синџирот на набавка.
- Го одредите местото на ослободувањата во структурата на Директивата за ДДВ.
- Ја опишете улогата на земјите-членки во однос на опциите кои им се дадени во Директивата за ДДВ.
- Ги одредите различните видови на ослободувања, со особено внимание на правото на одбиток.
Времетраење на курсот