Детали за оваа ставка од каталогот
Модулот за е-учење, кој е лесен за употреба, е дел од поширокиот курс за ДДВ, кој е еден од курсевите од сеопфатно портфолио на ЕУ за еучење во врска со царина и оданочување.Опис на курсот
Курсот за Обврски за ДДВ го опфаќа прашањето: „Кои се обврските кои треба да ги почитувате при вршењето стопанска дејност?“- Даночниот обврзник ќе треба да почитува одреден број на обврски пропишани со Директивата за ДДВ, без разлика дали тоа лице е одговорно за плаќање или не.
- Воспоставен е систем кој им овозможува на земјите-членки да соработуваат и да го контролираат ДДВ ширум ЕУ.
За целосни придобивки од потенцијалот на овој курс, препорачуваме да го интегрирате курсот во вашата програма за обука и да развиете целокупна шема за учење.
Целна публика
Курсот е наменет за службеници во земјите од ЕУ, и повоопштено, за секого кој има конкретен интерес за ДДВ и сака да се стекне со основни знаења за Директивата за ДДВ.Цели на учењето
На крајот од овој курс, ќе можете да:- Ги знаете обврските што даночните обврзници и одредени правни лица кои не подлежат на данок мора да ги почитуваат:
- обврска за плаќање;
- назначување даночен застапник;
- начин на плаќање;
- идентификација;
- фактурирање;
- сметководство;
- даночни пријави;
- збирни извештаи;
- Ја разберете важноста на Системот за Размена на Информации за Данок на додадена вредност во Заедничниот пазар (VIES).
Времетраење на курсот